Косово во ЦАС ќе се жали на одлуката на УЕФА за службениот пораз од Романија
Косовската фудбалска федерација ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) против одлуката на УЕФА да го загуби службено натпреварот од групната фаза од Лигата на нации против Романија.
УЕФА и додели на косовската репрезентација пораз од 0:3 поради предвременото напуштање на теренот на крајот на средбата со Романците, која се одигра на 15 ноември.
– Не се согласуваме со одлуката на Косово да му се одземат три бода и да се брои резултатот 3:0 во корист на Романија. Поради ваквата одлука, федерацијата ќе поднесе жалба до ЦАС во Лозана, а притоа ќе продолжи да ги брани правата и интегритетот на нашата репрезентација, се вели во соопштението на федерацијата.
Косовските фудбалски репрезентативци го напуштија теренот во Букурешт поради, како што изјавија, извиците од трибините „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.
Покрај поразот, УЕФА ја казни и косовската фудбалска федерација со шест илјади евра за недолично однесување на националниот тим.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство