Косово отвори конзулат во Хамбург
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави дека синоќа е отоворен генералниот конзулат на Република Косово во градот Хамбург во северна Германија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку својот профил на Твитер, Пацоли информира дека ова е петтиот конзулат што Косово го отвора во државата која е нејзин стратешки сојузник во Европа.
– Вечерва во Хамбург го инаугуриравме Генералниот конзулат на Косово, кој ќе промовира посилни односи со северот на Германија, ќе ја зајакне трговијата и економската размена и ќе понуди подобри услуги за нашата дијаспора во северна Германија. Ова е петтиот генерален конзулат во Германија, нашиот стратешки партнер во Европа, напиша Пацоли.
Тој додава дека во изминатите две години од неговиот мандат на чело на косовската дипломатија активно работел на проширување на дипломатските и конзуларните претставништва на Косово во светот.
– Присутни сме во повеќето значајни земји во Европа и во сите региони во светот. Ова e во функција на едно посилно глобално Косово, кое се ангажира заедно со пријателите и партнерите, напиша Пацоли.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата