Косово набргу може да остане без лекари и медицински сестри

Косовски лекари и медицински сестри емигрираат во земјите од Европската унија, посебно во Германија, така што многу бргу може да се случи косовските здравствени институции да се соочат со голем недостиг од стручни кадри, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Според истражување на Синдикалната федерација на здравството, дури 73 отсто од анкетираните студенти по медицина изразиле готовност да ја напуштат земјата.
Директорот на најголемиот ургентен центар во Косово Басри Лењани предупредува дека многу бргу земјата ризикува да остане без лекари.
- Косово ги школува здравствените кадри, лекарите и медицинските сестри за потоа да ѝ ги предаде на Европската унија, каде што емигрираат за повисоки плати и подобар институционален третман, вели Лењани во изјава за весникот „Зери“.
Стотици лекари и друг медицински персонал од Косово, според медиумите, досега се иселиле главно во Германија, каде што се плаќаат речиси десеткратно повеќе.
Платата на лекар специјалист во Косово е околу 600 евра, специјализантите добиваат помалку од 500 евра, додека медицинските сестри ниту 400 евра. Во Германија, пишува „Зери“, еден специјализант е платен околу 4.000 евра месечно, додека специјалистите уште повеќе.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
