Косово им понуди на САД да формираат постојана воена база на негова територија
Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, во име на неговата Влада, им понуди на САД да формираат постојана воена база на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти косовското МО, Мехај, кој престојува во официјална посета на САД, понудата му ја изнел на потсекретарот на американскиот Департман за одбрана, Колин Кал, за време на нивната средба во Пентагон.
Потсекретарот Кал, се вели во соопштението, уште еднаш ја потврди поддршката на САД за евроатлантската интеграција на Косово, „нагласувајќи дека визијата на американскиот претседател Џо Бајден за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ останува дел од неговата приоритетна агенда“.
Тој, исто така, високо го вреднувал и партнерството во првата мировна мисија на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Кувајт, како и учеството на ФСК во воената вежба на американските и сојузничките сили „Дифендер – Јуроп ‘21“.
– Потсекретарот Кал нагласи дека поддршката за подигање на капацитетите на ФСК ќе биде постојана, а исто така, позитивно ги оцени подготовките за наредните мировни мисии, со што се зголемува уште повеќе улогата на Република Косово како фактор на мирот и на планот на глобалната безбедност, се вели во соопштението.
Косово, во соработка со американската војска, во март годинава испрати во Кувајт еден контигент на Безбедносните сили, што претставува прва нивна мисија надвор од земјата.
Ново на Сител
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата