Косово ги предупреди своите граѓани да не патуват во Србија

Косовското Министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија.
Ова следува по апсењето на уште еден косовски граѓанин,Хилми Келменди под обвинение за воени злостоства.
Претходно,на 29 септември, српските влсти го уапсија регионалниот директор на косовската полиција во Косовска Митровица,Нехат Тачи,кој се уште е во притвор.
Преку соопштение во јавноста,Министерството за надворешни работи во Приштина, апсењето го оценува како непифатливо и оти ги доведува во опасност постигнатите процеси во текот на дијалогот за нормалзиирање на односите меѓу Косово и Србија.
- МНР ќе родолжи да ја следи оваа ново создадена и апсурдна ситуација со Србија, и подигнуваќи ја истата на повисоко ниво до нашите меѓународни пријатели,САД и ЕУ,како и сите пријателски држави. Нашата дипломатска мисија во Белград е исто како и онаа на институциите во Косово во континуитет ги координираме чекорите за да обезбедиме неопходна законска и човечка заштита за последно уапсените државјани на Косово,-стои во сооштението.
Исто така министерството ги повикува сите државјни на Косово ,кои по било која причина ја избират Србија како транзит земја во следните месеци максимално тоа да го избегнуваат“.
Министерството,стои на крајот од соопштенито, во исто време ќе побара и од земјите во регионот и ЕУ ,како што тоа го правело и до сега, да не ги земаат предвид потерниците издадни од страна на Србија за граѓаните на Косово.
Ново на Сител
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
