Косово доби нова Влада
Косовскиот Парламент со 62 гласа „за“ и еден воздржан вечерва ја избра новата Влада, која ќе ја предводи лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.
Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници.
Пред гласањето собраниската сала ја напуштија пратениците на движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз.
Во кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај, прв потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата е Беџет Пацоли, потпретседатели се Енвер Хоџај, Фатмир Лимај, Далибор Јевтиќ, кој ќе биде и министер за враќање на раселените и за заедниците и Дардан Гаши, кој ќе биде задолжен за дијаспората и за привлекување инвестиции. Клучните ресори ќе ги раководат: Рустем Бериша за безбедносите сили на Косово, прв финансиер е Бедри Хамза, министерка за евроинтеграции ќе биде Дурата Хоџа, за правда Абелард Тахири, а министер за внатрешни работи Фљамур Шефај. Од „Српска листа“ со Министертвото за локална самоуправа ќе раководи Иван Теодосијевиќ министер за земјоделство ќе биде Ненад Рикало, додека за јавна администрација Махир Јагџилар (од немнозинските заедници).
Во своето обраќање Харадинај ги презентираше приоритетите на Владата, кои опфаќаат зајакнување на редот и законот, членство во НАТО, евроинтеграцијата и дијалогот со Србија.
- Косово денеска е во опасност и од нови и од стари ризици, затоа треба прво да се гарантира внатрешната безбедност, зајакнување на редот и правната држава. Косово ќе се чувствува безбедно единствено со зачленувањето во НАТО и затоа ќе работиме да го однесеме во Алијасата. Зачленувањето во меѓународните организации е отежнато, но ќе работиме и за тоа. Ќе работиме со цел во рекордно време да почне имплементацијата на Спогодбата за асоциација и стабилизација и ветувам дека ќе добиеме статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Ќе го зајакнеме пријателството со САД, а што се однесува до регионот дијалогот со Србија нема алтернатива, посочи меѓудругото Харадинај.
Тој вети дека ќе биде премиер на сите, вклучувајќи ги и малцинствата на кои им се обрати на српски јазик.
За време на обраќањето на Харадинај, како и дискусиите на опозициските пратеници во собраниската сала, не беа пратениците од „Српска листа“ поради што беше дадена пауза за да пристигнат од Белград во собраниската сала.
Кога тие пристигнаа Харадинај уште еднаш го причита предлогот за состав на новата влада, по што, иако опозицијата беше против, веднаш истиот беше ставен на гласање.
Ново на Сител
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница