Косово бара поддршка од Советот за безбедност за членство во УНЕСКО
Косово побара Советот за безбедност на ОН да ја поддржи неговата кандидатура за членство во УНЕСКО, со што би се дало поголема тежина на земјата на дипломатската сцена, но барањето наиде на цврсто противење од Србија.
- Ги повикуваме сите членови на Советот за безбедност да ја поддржат кандидатурата на Косово за УНЕСКО. Можете тоа да го направите дури ако се уште не сте го признаа Косово, рече министерот за надворешни работи Хашим Тачи.
Неговиот српски колега, Ивица Дачиќ изјави дека земјата уште ги нема потребните квалитети за членство во агенцијата на ОН, обвинувајќи дека Косово дека не чува српските православни цркви и манастири од напади.
- Оние кои го скрвнават и уништуваат српското наследство, се обидуваат да станат членови на УНЕСКО", рече тој пред Советот за безбедност.
Тачи пак ја обвини Србија дека се обидува да го изолира Косово, за да не може да ги искористи можностите во областа на образованието, науката и културата, кои би ги добила Приштина со членството во агенцијата.
Земјите членки на УНЕСКО во ноември ќе одлучат дали да ја одобрат кандидатурата на Косово.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото