Косовец и Турчин фатени како превезуваат мигранти
Во текот на ноќта 19/20.10. 2022 на територијата на Република Северна Македонија, полициски службеници лишиле од слобода двајца странски државјани и пронашле девет лица мигранти од Сирија и Авганистан.
-На 19.10.2022 во 19:20 часoт на регионален пат Дојран-Валандово, делница крстосница село Фурка кон село Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран и од Полициската станица Валандово, заедно со припадници на Армијата на РСМ, го лишиле од слобода И.Ш.(22) од Косово. При преглед во неговото возило „цитроен“, со косовски национални ознаки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, информираа денеска од МВР.
Ноќеска во 01:30 часот на автопат Гевгелија – Скопје, на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.А.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „рено клио“ со српски национални ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан.
Од МВР информираат дека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а лицата криумчари биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
