-->
-->
Косовците без повторно полагање може да ги сменат српските со косовски возачки дозволи
-->
Косовското Министерство за внатрешни работи одлучи сите државјани на Косово кои поседуваат српски возачки дозволи издадени до 2016 година може да ги сменат со косовски без да преполагаат.
Заменик министерот за внатрешни работи на Косово,Милан Радојевиќ изјави дека оваа одлука е многу значајна за Србите на Косово,кои се најбројни со српски дозволи.
Додава дека одлуката е значајна доколку се земе во предвид слободното движење на Србите од Косово кое е директно условено од поседувањето лични документи.
Тој нагласи дека со одлуката се опфатени сите оние кои возачки испит положиле до 14 септември 2016 годна,кога,во Брисел,е потпишан последниот договор за слободно движење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, Македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир