Балкан
7. February 2022 - 14:03

Косовари договарале брак помеѓу девојче(12) и момче(12) во Подгорица

Во Подгорица поднесена кривична пријава против две лица од Косово поради сомнение дека договарале нелегален брат помеѓу 12-годишно девојче и момче.

„Полицијата поднесе кривична пријава до Државното обвинителство во Подгорица против К.М.(31) и Б.М.(38), двајцата од Косово и жители на Подгорица, поради сомнение за трговија со луѓе“, се вели во соопштението.

Се сомничи дека со злоупотреба на односот на доверба и со регрутирање, со одобрение и договор со членови на семејство од Подгорица, склучиле незаконски брак помеѓу ќерката на К.М., девојче од 12-години и 12-годишно момче од тоа семејство, заради финансиска корист.

„За да се склучи незаконскиот брак меѓу децата, членовите на семејството на момчето пристигнале во Подгорица и во станот на Б.М. била организирана прослава на која била дарувано оштетеното девојче, а му биле предадени и пари на К.М“, соопштија од полицијата.