Македонија
29. јуни 2019 - 19:08

Косовар со македонски пасош сакал да полета од Скопје

Ноќеска во 01.00 часот во СВР Охрид бил приведен и задржан Л.Л.(23) од Косово. На Граничен премин Аеродром „Св Апостол Павле“ во Охрид, при пасошка контрола било констатирано дека лицето на увид дало патна исправа на лице од с.Арачиново, скопско.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.