Космодром за приватни летови на два часа од Москва
Руската компанија „Космокурс“ која гради брод за приватни летови во орбитата, планира да изгради космодром во централниот дел на Русија, наведе Павел Пушкин, генералниот директор на компанијата.
– Моментално ја разгледуваме можноста за изградба на космодром на територијата на централниот дел на Русија. Активно преговараме со повеќе региони во врска со локацијата на космодромот. Засега не можеме да кажеме за кои региони станува збор, нагласи Пушкин.
Според него, патувањето од Москва до космодромот би траело помалку од два часа.
– Сакаме да изградиме мал, компактен космодром, на место до кое од Москва ќе можете да стигнете за час или два со авион, посочи Пушкин.
Претходно, на „Космокурс“ и се нудени две локации на територијата на космодромот „Бајконур“, но компанијата се откажа од таа идеја бидејќи таа локација е оддалечна од Москва.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување