Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки
Денешниот Европски совет се одржува во многу важен момент за изградба на европската безбедност, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа.
– Како што знаете во изминативе месеци слушавме бура на идеи, но денеска сме тука да носиме одлуки и да испорачаме, рече Кошта придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кошта при тоа им се заблагодари на Европската комисија и на Фон дер Лајен за предлозите поврзани со одбраната, врз основа на кои лидерите на земјите членки на ЕУ, како што рече, ќе можат да донесат конкретни одлуки за зголемување на трошоците за одбраната, за подобро трошење на овие средства и за зајакнување на одбранбената способност.
– Секако, безбедносната и одбраната на Европа се нераздвоиви од безбедноста и одбраната на Украина. Посилната европска одбрана ќе ја зајакне и одбраната на Украина и посилните капацитети за одбрана на Украина, исто така, ја зајакнуваат и нашата одбрана, додаде Кошта.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претседателот на Европскиот совет повтори и дека ЕУ ја поддржуваат Украина во напорите за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир.
– Ние сме со вас уште од првиот ден и ќе продолжиме да бидеме со вас сега и во иднина, во претстојните мировни преговори што ќе се одржат кога вие ќе решите дека е време за да се преговара и што е уште поважно и како идна земја членка на ЕУ, изјави Кошта обраќајќи му се на Зеленски.
Ново на Сител
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти
-
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-
Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата
-
По најавата на новите царини на Трамп, паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители
-
Турската полиција употреби сила за да растури протест на универзитетот во Анкара
-
Рубио: САД ќе ги проценат барањата на Русија за прекин на огнот во Црното Море
-
Во израелски воздушен напад убиен портпаролот на Хамас
-
Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ