Турската полиција употреби сила за да растури протест на универзитетот во Анкара
Турската полиција употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите на Универзитетот во Анкара, јавија светските агенции.
Рано утрово студентите се собраа да прочитаат соопштение пред влезот на Техничкиот универзитет, јавија турските опозициски медиуми и локални извори. На нив реагирале безбедносните сили, кои употребиле солзавец, водени топови и гумени куршуми. Следувал судир, при што студентите се сокриле зад барикада од корпи за отпадоци, но полицијата на крајот ги привела.
Пратеникот на Републиканската народна партија (ЦХП) Мелих Мерич е виден сосема мокар од употреба на воден топ и погоден со солзавец.
– Моите пријатели студенти само сакаа да дадат изјава за медиумите, но полицијата не им дозволи, ова е резултатот, вели Мерич на снимка објавена на социјалните мрежи.
Властите се уште не соопштуваат колку лица се приведени.
Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на кој припаѓа и уапсениот градоначалник на Истанбул, Имамоглу, вети дека пратениците ќе бидат со демонстрантите за да се намалат тензиите.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја вчера изјави дека 1.418 лица биле приведени во текот на изминатата недела поради протестите.
Демонстрации ги зафатија големите градови, а стотици илјади луѓе учествуваа на протестите и митинзите на ЦХП пред градското собрание на Истанбул.
Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, предизвика најмасовни антивладини протести во Турција во изминатите десет години
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест