Кошаркарите продолжуваат со нов селектор
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) спогодбено го раскина договорот со селекторот на сениорската репрезентација, Драган Бајиќ.
„Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, г. Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката А селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се согласија околу прекинувањето на соработката“, соопшти КФМ.
Покрај Бајиќ националниот тим ќе го напуштат и неговите помошници Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта