Коронавирусот влезе во уште една штипска конфекција
Ковид-19 влезе во уште една штипска конфекција, денеска е регистриран еден случај во новата фабрика.
Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според нивните анализи од почетокот на пандемијата, па досега вирусот има влезено во вкупно 19 текстилни конфекции.
Според пристигнатите резултати од тестирањето се очекува денеска бројката на нозаразени да биде 15, со што за разлика од минатите денови се бележи мал пад на бројките.
Состојбата во штипското комуналано претпријатие „Исар“ е стабилна, таму деновиве се откриени тројца заразени со коронавирусот. Димитрова вели дека по направената епидемиолошка анкета нивните контакти се ставени под контрола, за да не се шири вирусот.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека на Инфективното одделение денеска се лекуваат 49, од кои петмина се новопримени, а вкупно девет пациенти се со повремена кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје