Коронавирусот продолжува да се шири во Кина
– Коронавирусот продолжува да се шири во Кина. Земјата е зафатена од најлошиот бран на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави ДПА.
Нови 5.154 инфекции беа евидентирани во земјата во текот на вчерашниот ден, според денешниот извештај, поставувајќи нов максимум во сегашниот бран на коронавирус.
Нови инфекции се регистрирани во 20 региони во земјата, а провинцијата Џилин во североисточна Кина и понатаму е најтешко погодена со откриени 4.067 нови инфекции.
Во Пекинг, Шангај и во Шенжен, исто така, има нови лица заразени со вирусот.
Шенжен и Чангчун, главниот град на провинцијата Џилин, се моментално се во локдаун, што, исто така, ја погодува економијата.
Во Чангчун, производителот на автомобили Фолксваген мораше привремено да прекине со работење во три фабрики, каде работи заедно со кинескиот партнер FAW.
Во Шенжен, добавувачот на Епл, Фокскон, го запре производството во својот погон.
Кина спроведува строга нулта-Ковид стратегија, реагирајќи на локални епидемии со локдаун, масовно тестирање, рестрикции во транспортот, како и карантини.
Ново на Сител
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
