Живот
5. January 2016 - 10:29

КОРИСНИ СОВЕТИ: Еве како да го одржувате вашиот автомобил кој е оставен надвор на отворено!

Зимата, освен забавните страни на снегот, ги носи и оние помалку забавни. Тргнувате на работа, а автомобилот ви е затрупан, бравата замрзната, а во автомобилот е ладно и не сака да запали.
Студот, сол, мраз, и се останато може многу да му наштети на вашиот автомобил, посебно ако немате гаража, па цело време е изложен на ниските температури.
 
Кога се зборува за зимската опрема во автомобилот, обично на сите на памет ни паѓаат само зимските гуми, но кога се зборува за автомобилите во зимска опрема не се само зимските гуми. На ниските теператури малите гребнатини почнуваат да рѓосуваат, греењето го поставувате на највисока температура на која автомобилот не е спремен да постигне, ветробранското стакло е соочено со термички шок и е склоно на кршење и така натаму. Ви ги пренесуваме главните проблеми кои можат да дојдат со зимата и како да ги решите.
 
1. Дури и мала точка на вашето ветробранско стакло може во студот да стане голема пукнатина. Во секој случај пред ппочетокот на зимата прегледајте го стаклото за покасно да не морате да го менувате. Исто така, во зима би требало да користите некаков облик на заштита за стаклото зашто во голема мера ќе ви ја олесни работата при чистење на стаклото науто. Секако важно е и да ги проверите гумичките на брисачите. Тие имаа век на траење отприлика околу една година, па доколку дотрајале брисачите на вашиот автомобил, време е да ги замените. Снегот и мразот не се за да ги испробувате старите брисачи.
 
2. Проверете го акумулаторот зошто во зима тој работи повеќе па можно оштетување кое ако него приметите порано, може да ви прави проблеми при стартувањето на автомобилот. Проверката на исправноста на акумулаторот обично не чини многу, а некои автомечаничари тоа ќе ви го направат и за без пари.
 
3. Антифриз е прво на што многу луѓе помислуваат кога ќе дојде зима. На новите автомобили од тоа и не им е потребно, но ако не сте сигурни, побарајте совет од експерти за да ги избегнете проблемите кои може да се случат.
 
4. Погрижете се за светлата. Намачкајте ги светлата на автомобилот со восок, тоа ќе спречи мразот да се зафати на површината од стаклото и да остане таму, а и ќе ви овозможи подобро осветлување на патиштата во текот на
возењето, која во зимски услови е многу важно.
 
5. Еден од најважните елементи се сепак зимските гуми. Тие се единствените од вашиот автомобил кои имаат контакт со ладни и замрзнати патишта и затоа е важно да бидат припремени за возење во зимски услови. Освен тоа, важно е да го проверите и притисокот на гумите. Тој се намалува како што се намалува и температурата.
 
Зимските услови на сообраќајниците создаваат големи проблеми како за сообраќајот така и на возилото. Преземете одредени мерки за заштита, спречете можни проблеми и решете ги големите давачки за поправка на автомобилите. Напавете го својот автомобил сигурен за возење и бидете совесен учесник во сообраќајот.