Кориере дела сера: Нападите во Париз ги чинеле терористите 10-15 илјади евра

Нападите во Париз од 13 ноември ја чинеле Исламска држава меѓу 10 илјади и 15 илјади евра, објави Кориере дела сера. Весникот се повикува на аназили на Ен-Би-Си и на агенцијата Ројтерс.
Се смета дека за автоматските пушки се потрошени 7.500 евра. За експлозивот што го носелена себе се потрошени по 100 евра и неколку стотина евра за рачно изработените бомби.
Изнајмувањето три автомобили ги чинело околу 1.800 евра. За станот во кој биле во Сен Дени пари не се дадени, наведува весникот. Засега не е познато колку чинело патувањето на џихадистите во Париз.
Се смета дека двајца или тројца од терористите дошле во Европа по патот на бегалците од Сирија. Во тоа ИД можно е да инвестирала не повеќе од 1.300 долари.
За споредба, првиот напад врз кулите близначки во Њујорк во 1993 година ги чинел извршителите околу 18.00 долари. Нападите во Кенија и Танзанија во 1998 година чинеле околу 15.00 долари. За нападите од 11 септември 2001 година најверојатно се потрошени околу половина милион долари.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
