-->
-->
Копија на Мона Лиза на аукција во Париз
-->
Верна копија на познатата Мона Лиза од Леонардо да Винчи, насликана околу 1600 година и исклучително добро сочувана, ќе биде продадена на аукција на 9 ноември во Париз, соопшти куќата на Архириал.
– Не е невообичаено да се види копија од Мона Лиза, но оваа е во одлична состојба, пред се затоа што е насликана на дабова табла, додека другите се на платно – изјавија од аукциската куќа и додадоа дека авторот е непознат.
Се проценува дека копијата ќе достигне цена од 150.000 до 200.000 евра, пренесува Ројтерс.
Оригиналната Мона Лиза или Џоконда е насликана на почетокот на 16 век, купена од францускиот крал Франсоа I од сликар во 1518 година и се чува во музејот Лувр во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот