Координативен донаторски состанок во СЕП

Во Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа координативен донаторски состанок, во врска со катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд.
Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми посочи дека целта на состанокот е да се искористи максимално потенцијалот за финансирање од страна на донаторите со координиран пристап за насочување на помошта. Тој ги истакна првичните дефинирани приоритети за насочување на помошта за реконструкција и поправка на оштетените куќи и други значајни објекти, поправка на инфраструктурата и мерки за натамошна заштита помош за МСП и за оштетените фарми и санација на земјоделското земјиште, како и директна помош за институциите за заштита.
На состанокот беше надгласано дека во оваа фаза преоценките на штетите се многу индикативни, но се работи на нивно допрецизирање. Адеми информираше и дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, преку кој се направени сателитски снимки на теренот, а веќе на терен се и нивни експерти за проценка на првичните потреби за населението.
Вицепремиерот Адеми им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка во минатото и ги повика и останатите меѓународни чинители да дадат свој придонес за да може Македонија да се справи со настанатата состојба.
На средбата свои обраќања имаа и вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, министерот за финасии Кирил Миноски, заменик министерот за надворешни работи Илија Исајловски, постојаниот координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон и раководителот на сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Мартин Клауке.
Ново на Сител
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Приведен 37-годишник од Охрид, во неговиот дом се пронајдени оружје и муниција кои нелегално ги поседувал
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
-

СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго
-

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП
-

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
