Координација во Собранието за следните активности на пратениците
– Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за деновите до петок и периодот што доаѓа. Со ова и официјално завршува летниот одмор за парламентарците.
На веб страната на Собранието закажани се само две активности на претседателот на Собранието Џафери и тоа за утре (31 август) со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рот и во четврток (1 септември) проштална средна со амбaсадорот на ОБСЕ Клемент Која.
Меѓу првите активности во Собранието се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.
Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници.
Првата нова седница е најавена за 13 септември.
Пратениците на одмор заминаа официјално по илинденските празници.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица