Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град
На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници. Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во главниот град.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја вршат работата за која се платени и да работат во интерес на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Доколку нема напредок за една недела, како што најави, Владата ќе ги разгледа можностите за одземање на нивните ингеренции и за решавање на проблемите, како јавниот градски превоз и хигиената.
-Секојдневно до нас граѓаните реагираат. Ова прашање ќе го отворам на следната седница и ги повикувам надлежните во „Комунална хигиена“, во градот Скопје да работат за што се платени, за кое што ги плаќаат граѓаните, бидејќи ова што денеска се случува во Скопје личи на се, само не на главен град на држава, која што е дел од НАТО Алијансата и држава кандидат за членство во ЕУ. Мора да си го поставивме прашањето кое што е суштински важно, не што зборуваме, туку што правиме во име на тие вредности, изјави Мицкоски.
Доколку нема прогрес, односно промена на лошата состојба во Скопје, премиерот најави дека ова прашање ќе го отвори на следната владина седница.
- Ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзано со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму во она што е обврска на народна Влада, а тоа е да дејствува во името на повиците кои што ги добиваме на дневна основа од скопјани, рече Мицкоски.
Тој рече дека треба да се размисли и за идејата секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие и да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“.
Премиерот Мицкоски и претседателот на Заедницата на едниците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вчера потпишаа Меморандум за соработка кој, меѓу другото, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во земјава.
Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорите за вработување, во текот на вчерашниот ден беа разрешени директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков. Град Скопје преку Фејсбук, пак, најави дека до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија. Градските власти соопштија дека резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за нив ќе бидат известени и соодветните надлежни институции.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија