Конзументите на марихуана - послаби љубовници
Доколку сакаат малку интимна „забава“ со своите партнерки, мажите би требало да заборават на марихуаната, тврдат научниците, кои наведуваат дека алкохолот не е единственото нешто што негативно влијае на сексуалната моќ на припадниците на машкиот пол.
Според нив, марихуанта предизвикува исти последици врз мажите како и алкохолот, и покрај раширеното мислење дека „тревата“ ја заголемува издржливоста во кревет.
- Мажите поради марихуаната само добиваат поинаква перцепција за времето, па мислат дека чинот трае подолого, но во суштина нивната сексуалната моќ е послаба, тврдат научниците.
Тие дошле до ваквите заклучоци со истражување на влијанието на марихуаната врз ерекцијата кај мажите.
- Кај мажите кои секојдневно пушат марихуана, постои трипати поголема веројатност да имаат проблеми со ерективната дисфункција во споредба со оние кои немаат таква навика, наведуваат научниците.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје