„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
Кукла - робот опремена со мегафон, дизајнирана да ги анимира и едуцира граѓаните, но и да ги поттикне да говорат за родовата еднаквост преку интеракција, насловена како „Конзулката од Битола”, беше поставена на Градското шеталиште во Битола.
Јавна поддршка за родова еднаквост на жените и девојчињата во Битола и пелагонискиот регион, искажа Калиопа Кривашија Стилиновќ, почесен конзул на Република Франција во овој град.
-За мене, родовата еднаквост е многу значајно нешто. Ако е дел од фундаменталните човекови права зацртани во Повелбата на ОН, тоа зборува, едно фундаментално човеково право кое што дополнително е во петте први од 17-те приоритети на агендата на ОН 2030. За родовата еднаквост треба да се зборува и меѓу младите, да стане еден иманентен дел од нашето секојдневно живеење, да се зборува на најмала возраст и многу е значајно да се споменува дека девојчињата, девојките, жените подеднакво да бидат третирани со машките деца, со дечињата, со мажите затоа што на некој начин треба на сите како основно фундаментално човеково право да имаме ист пристап и исти можности, меѓутоа и исти одговорности, изјави почесната конзулка на Франција во Битола.
Изработката на оваа кукла-робот е во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и скулпторот Озбек Ајваз.
-Уметноста е клучна во секојдневието и може да придонесе до секоја тема, затоа дојдовме до оваа идеја да ја направиме битолската конзулка и да ја прикажеме битолската конзулка како кукла-робот која ќе зборува за родова еднаквост, посочи Ајваз.
Со поставување на куклата-робот, иницијативата има за цел да допре до широка публика, вклучувајќи ги децата и нивните родители, кои ретко наидуваат на дискусии за оваа витална тема, соопштија организаторите на јавниот настан во Битола.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек