Конзервација на фреските во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велушина

Завршија годинашните активности за конзервација на фрескоживописот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Велушина, соопшти Министерството за култура со чија финансиска поддршка стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола годинава интензивно работеа на конзервацијата на ѕидното сликарство со хронолошки сликарски слоеви од XII до XIX век.
- Во изминатиот период беа извршени археолошки истражувања при што беа откриени темели од постар сакрален објект од VI век, како и целосна дренажа на црквата, со што овој значаен споменик на културата е заштитен од влага. Исто така, направени се истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 метри квадратни, по што беше изработена прецизна дигитална и техничка документација, информира Министерството за култура.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина е комплексен објект со досега констатирани четири фази на градба - од крајот на X и почетокот на XI век, потоа XII и XIII век, а во текот на XVIII и XIX век била извршена најголемата реконструкција на црквата.
Министерството соопшти дека и наредната година ќе продолжи конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која, како што наведува, е од исклучително културно значење за битолскиот регио, но и за целата држава.
Ново на Сител
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
