Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и казина и презедоа повеќе мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба.
Како што соопштија од МВР, на подрачјето на општина Карпош беа извршени контроли во шест угостителски објекти, две казина и други објекти и притоа од слобода беше лишено едно лице за поседување дрога, три беа приведени за утврдување на идентитет, беше преземена една мерка по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, беа преземени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила беа подигнати со специјално возило „пајак“.
Додека, пак на подрачјето на општина Кисела Вода, се додава, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во седум казина и седум угостителски објекти. Во шест казина констатирани се прекршоци од Закон за пушење, Закон за лична карта како и Закон за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, а кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции, наведуваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
