Континуирано намалување на новозаболени со Ковид-19 во државава
Додека процентот на новозаболени од Ковид-19 во повеќе држави од Европската Унија се зголемува, Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани. ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.
Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Глаксо Смит Клајн“.
Друг претклинички резултат од истражување спроведено минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата Омикрон.
Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.
Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува Делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.
Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Каваја, горат и маслинови дрвја
-
Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк
-
Обвинителството одзема телефони и документи од Академијата за судии и обвинители
-
Запленети непријавени девизи на ГП Табановце
-
Горела деградирана шума над манастирот во Матејче и сува трева на потег покрај пругата кај кумановските села Агино Село, Брзак и Романовце
-
Регистриран земјотрес со епицентар во подрачјето Делчево – Берово
-
Лидерот на Хамас во Западниот брег почина во израелски затвор
-
Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри