Конте: Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник со максимални безбедносни мерки

Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник, на 14 септември, со максимални безбедносни мерки и правила за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, потврди италијанскиот премиер Џузепе Конте.
– Интензивно работевме на повторно отворање на училиштата. Оваа година тоа ќе се одржи на нов и потежок начин, што е предизвик за италијанскиот систем, рече Конте на прес-конференција во Рим.
Според него, италијанската Влада го дала својот „максимум“ да ги обезбеди најдобрите услови за почеток на учебната година во понеделник, по шестмесечна пауза поради пандемијата на Ковид-19.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, во училиштата секој ден бесплатно ќе бидат доставувани по 11 милиони заштитни маски.
Се нагласува дека во случај ученикот да има температура, тој мора да остане дома, а родителите кои ќе останат дома поради своите деца, имаат право да работат од дома.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
