Контакт групата за формирање влада во Бугарија почнува со средби со партиите
Со две средби денеска во Бугарија почнува работа контакт групата предводена од Росен Плевнелиев и Соломон Паси, формирана на предлог на политичката партија ГЕРБ-СДС. Нивна цел е да бараат допирни точки меѓу силите застапени во Парламентот и можно владејачко мнозинство за приоритетните прашања за државата и да се формира влада.
Контакт групата за денеска ги покани на разговор претставници на ГЕРБ-СДС и на политичката партија „Бугарски подем“. Писмено ги одбија од „Продолжуваме со промената“ и од „БСП за Бугарија“. Откако вчера Парламентот по 11 гласања и близу 55 часа од првата седница го избра својот претседател – Вежди Рашидов, претседателот Румен Радев најави дека следната недела ќе почнат консултациите за формирање влада.
За Рашидов гласаа пратениците на ГЕРБ, ДПС, БСП и „Бугарски подем“. Кристијан Вигенин од БСП кој е еден од потпретседателите на парламентот во изјава за бугарската Нoва ТВ нагласи дека „најверојатно нема да има владина коалиција во овој парламент“.
Според него, коментарите дека БСП ќе коалицира со другите партии кои ја поддржаа кандидатурата на Рашидов се со цел да се дискредитира левицата. Вигенин тврди и дека компромисот што го направи БСП вчера е само да почне со работа Парламентот.
Ново на Сител
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО