Контакт центарот на Катастарот воведува три нови услуги

Три нови електронски услуги воведува Контакт центарот на Агенцијата за катастар на недвижности кои ќе овозможат граѓаните и бизнис заедницата на брз и ефикасен начин да ги добијат потребните информации и услуги.
Отсега електронски ќе може да се исправи техничката грешка доколку е направена во некој од документите што ги издава Катастарот, ќе може да се закаже состанок со надлежните од оваа институција, а по електронски пат ќе се информираат клиентите и за одредени теми, новости и промени.
Контакт центарот функционира од мај 2014 година и досега има примено 48.510 повици од кои за 24.420 повици веднаш е дадена потребната информација која ја барале граѓаните што се јавиле.
- Овој двегодишен период беше доволен да согледаме дека неопходна е надградба на системот на Контакт центарот со воведување на нови електронски услуги кои ќепридонесат на поедноставен, побрз и со помалку трошоци, граѓаните и професионалните корисници да стигнат до посакуваните информации и услуги, истакна денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.
За on-line исправката на техничка грешка, граѓаните треба само по електронски пат преку емаил адресата info@katastar.gov.mk или на бесплатната телефонска линија 0800 - 80 - 800 да пријават техничка грешка по што таа ќе биде разгледана.
Втората услуга овозможува на бесплатниот телефонски број 0800 - 80 - 800 да се закаже состанок со стручните лица од Катастарот, додека преку третата новина наречена „Кампања“ корисниците на услугите на Катастарот ќе бидат информирани за сите новини, промени, нови сервиси, истекување или продолжување на рокови на одредени тимови на предмети.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
