Консултативна средба во МВР за реформите во системот за следење на комуникациите
Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамките на процесот на реформа на системот за следење на комуникациите одржа консултативна среба со претставници на граѓанскиот сектор, на која беа претставени можните опции за измена на постојниот систем.
МВР соопшти дека Спасовски искажал уверување дека граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во подобрувањето на понудениот модел и ќе бидат активни чинители во негова имплементација.
Претставниците на граѓанските организации изразија подготвеност активно да учествуваат во процесот и со конкретни предлози и забелешки да влијаат на подобрување на имплементацијата на реформата.
Министерот Спасовски и претставниците на граѓанските организации се согласија дека само преку сеопфатен дијалог може да се постигне консензус за ваква суштествена реформа.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки