Консултативен настан во врска со Нацрт-прирачникот за комуникација на судовите
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Бранко Ушковски на денешниот консултативен настан во врска со Нацрт-прирачникот за комуникација на судовите со јавноста рече дека „можеби и најдобро да си ја вршите својата работа, меѓутоа доколку граѓаните се погрешно информирани тогаш се останува на наметнатата перцепција“.
Лицата задолжени за односи со јавноста во судовите, како што посочи Ушковски, треба благовремено да преземаат иницијативи и да ја информираат јавноста за работата на судот, како и за предизвиците со кои се соочуваме.
Тој изрази надеж дека Прирачникот за комуникација на судовите со јавноста ќе биде изработен професионално и како алатка која ќе биде водич, кој судството ќе го користи за да пренесува важни информации до јавноста.
- Се надевам дека Прирачникот ќе ни помогне да ја информираме јавноста за квалитетот на работата на судовите, да покажеме проактивен став, да покажеме дека сме транспарентни, како и да изградиме позитивна слика за судството, вели Ушковски.
Изрази уверување дека во Прирачникот ќе бидат предвидени и конкретни алатки за поводите и пригодите во кои треба да се напише соопштение до јавноста.
- Во таа насока, а со единствена цел Прирачникот да биде професионално, соодветно и што поскоро изработен, доколку во проектот немате вклучено и судии за негова изработка, кои активно би потпомогнале во негово креирање, потребно е да го предвидите. Од причини што, не би било логично судиите да не бидат во неговата изработка, а Прирачникот да се однесува за нив, рече Ушковски. Додаде дека имајќи го предвид фактот што Прирачникот треба на седница да го усвои Судскиот совет на РМ потребно е, како што рече, во најкраток можен рок да се обратите до ССРМ, но и до Здружението на судии со цел да ви предложат судии за проектот.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија