Kонститутивна седница на новото бугарско Собрание
Новоизбраното Народно собрание на Бугарија денеска ќе ја одржа својата конститутивна седница, која согласно Уставот, ја свика бугарскиот претседател Румен Радев.
Во новиот, 44-ти состав на Собранието, избран на предвремените парламентарни избори одржани на 26 март, влегоа пет политички субјекти - конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) со 95 пратеници, коалицијата „БСП за Бугарија" предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 80 мандати, националистичкиот блок Обединети патриоти (ОП) со 27, партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС) со 26 и популистчката партија Волја со 12 пратеници.
По полагањето заклетва на пратениците и воведните обраќања на претставниците на пратеничките групи, предвиден е избор на претседателот на Народно собрание и негови заменици и усвојување на Правилниник за работа и организација на Парламентот.
На свечената седница се поканети шефот на државата Радев, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, поранешните бугарски претседатели Петар Стојанов, Георги Прванов и Росен Плевнелиев, актуелниот премиер Огњан Герџиков и министрите од неговата техничка Влада, бугарските европратеници, поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, главниот муфтија на Бугарија, Мустафа Хаџи, како и претставници на други верски заедници и на дипломатскиот кор.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци