Констатирани оставки на 4 пратеници
Собранието денеска констатираше оставки на 4 пратеници, од кои 3 на власта и еден од редовите на опозицијата. Констатирани се оставките на Сања Лукаревска и Мухамед Зеќири од СДСМ кои заминуваат на директорски позиции во УЈП односно Фондот за здравство.
Констатирана е и оставката на Бајрам Кадрија од ДУИ кој се најавува за директор на АЕК.
Оставка поднесе и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ кој поднесе оставка од морални причини образложувајќи на социјалните мрежи дека не може да ги оствари политичките цели преку парламентот. Во моментов парламентов ги чека извештаите на ДИК за наследниците 4 пратници. Без да бидат ратификувани мандатите на новите пратеници, власта го нема потребното мнозинство од најмалку 61 пратеник. На оваа седница се и измените за законот за заштита на населението од заразни болести во кој треба да се најдат и мерките за заштита од ковид пандемијата, но овој закон ќе чека додека не дојдат во салата новите пратеници.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина