Конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ до 15 март
Министерството за образование и наука соопшти дека конкурсот за додeлување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе трае заклучно со 15 март 2018 година.
Со наградата „Гоце Делчев“, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2017 година, информираат од МОН, се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.
Право на конкурирање има автор или група автори на дела што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани.
Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани. Предлозите за доделување на наградата и примероците од научните остварувања се доставуваат до Министерство за образование и наука - Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев”, ул.„Св. Kирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје.
Повеќе информации можат да се обезбедат на следниот линк - http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2282-2018-15-2018
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори