Kонкурси за стипендии за студии и специјализации од Владата на Кина и за студии на универзитетите во Унгарија

Владата на Народна Република Кина за учебната 2026/2027 година доделува три стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации.
Како што објави Министерството за образование и наука, кандидатите треба да се пријават онлајн и да прикачат документи кои се наведени во конкурсот.
Краен рок за пријавување е 15 јануари 2026 година.
Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, до 15 јануари 2026 во архивата на Министерството за образование и наука треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи).
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Прифатените кандидати ќе ги започнат студиите од септември 2026 година.
Во објавата на МОН се наведени контакти на кои заинтересираните може да добијат повеќе информации, кои се достапни и на интернет-страниците https://www.campuschina.org или https://en.csc.edu.cn/studyinchina
МОН известува и за Повик за стипендии за додипломски, магистерски, интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM) и докторски студии на државните универзитети во Унгарија за академската 2026/2027 година.
-Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за академската 2026/2027 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии: седум за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделски науки, општествени науки, економски науки, технички науки, природни науки, политички науки и јавно управување; седум стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области; две стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM) во областа на: медицински и здравствени науки; четири стипендии за целосни докторски студии (PhD/DLA) во која било област; делумни студии за сите нивоа и области на студии како што се наведени погоре, е наведено во повикот.
Во него се содржани условите и начинот на аплицирање, како и документите што се потребни за пријавување и контактите за информации, а подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети и текстот на повикот за аплицирање (Call for application 2026-2027) може да се најдат на веб-страницата https://stipendiumhungaricum.hu/
Онлајн-системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15 јануари 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
-

Н1: Студентите на протестот на 28 декември собираат потписи за барање предвремени избори
-

По воведувањето на визи речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора, затворена 31 турска компанија
-

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работи
-

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот
-

Украински дрон погоди една од најпрепознатливите згради во Чеченија
-

Уапсени двајца разбојници кои биле барани и со потерници поради бегство од затвор
-

Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare
