Конкурс за стипендии за талентирани ученици од Крива Паланка
Општина Крива Паланка распиша конкурс за доделување четири стипендии за средношколци и исто толку стипендии за студенти за 2017/2018 година. Стипендијата изнесува 3.000 денари месечно и ќе се исплаќа девет месеци во годината.
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Македонија и се редовни ученици и студенти. Учениците треба да имаат континуиран одличен успех од 4.50, а студентите во претходните години на студии да имаат постигнато просечен успех над 8.50. За сите важи да имаат освоено награди за поединечно освоено прво, второ или трето место на меѓународни, државни или општински натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметноста и спортот, односно област соодветна на нивното образование.
Основни критериуми се апликантите да се жители на општина Крива Паланка и државјани на Република Македонија и да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании. Студентите не треба да се постари од 25 години.
За учениците од прва година средно училиште аналогно ќе се земат предвид досегашниот успех во образованието и добиените награди, а за студентите кои првпат се запишуваат во прва година на студии ќе се земат во предвид резултатите од досегашниот успех во образованието, како и претходно освоените награди. Ќе се земаат предвид и месечните примања по член на семејство во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен за последните три месеци.
Барањата со потребните документи треба да се достават до Општина Крива Паланка. Рокот за поднесување документи е од 18-ти до 29 септември 2017. Потребните обрасци може да се набават во општината или на веб-страницата www.krivapalanka.gov.mk.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов