Конкурс за стипендии за студии во Русија за академската 2017/2018 година
Амбасадата на Руската Федерација распишува конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во академската 2017/2018 година, кој е отворен до 26 февруари 2017.
Руската Влада ќе им обезбеди на запишаните студенти од Македонија стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.
Заинтересирани кандидати треба да поднесат пријава (Application Form) со приложена фотографија во боја, пополнета на руски или англиски јазик. Потребните документи, пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои учествуваат во програмата се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/.
Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложените документи непосредно на сајтот http://www.russia.study. Сите документи треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени кај нотар.
Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат поканети за интервју кое ќе се одржи на 27 февруари 2017 година во Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28. На интервјуто кандидатите треба да дојдат со оригиналите на поднесените документи.
Амбасадата посочува дека конечната одлука за прием на кандидатите кои успешно го поминале конкурсот ќе ја донесат самите образовни установи (факултети) за кои кандидатите аплицирале во своите пријави.
Секој кандидат може да аплицира во најмногу шест универзитети (не повеќе од два во еден федерален округ на Руската Федерација).
- Познавањето руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик, имаат можност да го учат на подготвителни факултети во државните високообразовни институции на Руската Федерација според дополнителна програма. Обуката трае една година, не се вклучува во рокот на студиите по основната образовна програма и е на трошок на руската страна, информира Руската амбасада.
Подетални информации за условите на доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru.
Ново на Сител
-
Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата
-
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
-
Претрес во Куманово, приведено едно лице
-
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница
-
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
-
Авион на „Делта ерлајнс“ итно приземјен поради проблеми со притисокот