Конкурс за стипендии за студии на првите 100 најдобри универзитети во светот
Министерството за образование и наука на stipendii.mon.gov.mk објави Конкурс за доделување стипендии за студенти кои во академската 2016/2017 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Универзитетот Џио Тонг од Шангај.
Ова е петта година откако МОН го објавува Конкурсот и досега можноста ја искористиле околу 150 македонски граѓани. Како и во изминатите години, кандидатот треба да е државјанин на РМ, да не е корисник на друга стипендија, да има постигнато одреден успех и да е примен на еден најдобрите сто универзитети. Студентот има обврска, согласно со договорот што ќе го потпише, да се врати во Македонија и да работи во јавниот или во приватниот сектор најмалку двојно поголем период од времетраењето на студиите.
Износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал. Од минатата година Владата дефинираше области кои се приоритетни зашто се дефицитарни во Македонија: технички науки, архитектура, градежништво, математика, меѓународно право, меѓународна економија и финансирање, физика, биологија, хемија и генетика.
Стипендијата го покрива трошокот на уписнината најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз. Крајниот рок за аплицирање е 1 септември 2016 година.
Заменик-министерот Спиро Ристовски апелираше сите заинтересирани кои планираат да се запишат на некој од топ 100-те универзитети во светот да ги подготват документите и да аплицираат за стипендија што ја обезбедува Владата на РМ. Услов е да биде примен на Универзитетот во странство и потврдата за тоа да ја приложи во МОН.
- Оваа година неколку месеци е порано Конкурсот за студентите да имаат време да се подготват, да размислат, да аплицираат. Со ова како Влада покажуваме исклучителна решителност за овој проект. Република Македонија е единствена земја од регионот што го реализира проектот. Ова за нас е крупна инвестиција со оглед дека студентите потоа имаат обврска да се вратат и таа своја капитална образовна инвестиција да ја дадат на располагање на Република Македонија, изјави Ристовски.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина