Конкурс за сценарија за кратки и документарни филмови

Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ распишува Конкурс за сценарија за кратки и документарни филмови. Заинтересираните, без оглед на нивната возраст и професија, сценаријата може да ги испраќаат од денеска до 4 декември годинава на е-маил feniksmk@hotmail.com
Организатори на фестивалот се Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје и издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
Сценаријата треба да бидат на слободни теми, без ограничувања во обемот, форматот и стилот на сценариото, но пред се, треба да бидат оригинални, современи и актуелни.
Доколку некои од авторите се во можност и да ги снимат и своите кратки и документарни филмови (со камера, таблет или мобилен телефон), треба да ги достават на ЦД или УСБ во просториите на издавачката куќа „Феникс“, на улицата „Костурски херои“ бр.35, кај Универзална сала-Скопје.
Најдобрите сценарија ќе бидат публикувани, а снимените документарни и краткометражни филмови ќе бидат прикажани на Фестивалот „Скрипт фест“ во 2017 година.
За најдобрите сценарија се предвидени награди во комплети книги -изданија на издавачката куќа „Феникс“.
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
