Коњановски: Општина Битола нарача изработка на студија за утврдување на состојбата на мостовите на реката Драгор
Во следните 365 дена ќе ги реализираме барањата на граѓаните, ќе работиме на нови проекти и да решиме колку е можно повеќе од проблемите кои не загрижуваат сите нас, независно дали сме власт или опозиција, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
На денешната седница на Советот на Општина Битола Коњановски порача дека со усвојување и спроведување на општинските програми и програмите на јавните претпријатија, значително ќе се подобри состојбата во општината во сите области, пред се преку постигнување на висок процент на реализација.
-Во годишните програми предвидуваме нови проекти во делот на економскиот развој, животната средина, туризмот, спортот и културата, но и континуитет и нови проекти во програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште. Како советници, дел од претходниот состав на општинскиот совет, активно ја следевме работата на претходното раководство, при што констатиравме дека нема втора шанса за прв впечаток. Затоа, нема да ги повторуваме грешките на претходната локална самоуправа и континуитетот ќе биде значајна карика, принцип и премиса, посочи Коњановски и додаде дека како локална самоуправа, предвидуваме 300.000 денари за изработка на Студија за утврдување на состојбата на седум челични мостови на реката Драгор.
Со програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, општината ќе изгради нов парк во Нова Битола, а издвоени се средства и за обнова на Планинарскиот дом Копанки.
-Во програмата за економски развој се два капитални проекти кои ќе бидат реализирани од оваа локална самоуправа, односно нова зграда за противпожарна заштита и спортски комплекс. За подготовка на проектната документација за зграда за противпожарна единица во АРМ, издвојуваме 3 милиони денари, а за спортски комплекс во АРМ 4,4 милиони денари. Значајно место во програмата за економски развој зафаќаат проектот за влезот во Битола, од страната на Скопје, проект кој мора да се реализира и е потреба на градот, како и реконструкцијата на инфраструктурата во старата индустриска зона, како и изготвувањето на проект за греењето во спортската сала Младост, проблем кој се провлекува со години без да се преземат конкретни мерки, истакна Коњановски.
Вкупната програма за економски развој на Општина Битола за следната година изнесува 48.128.224 денари, беше соопштено на денешната седницата на Советот на Општина Битола.
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција