Конгресот бара извештај од Пентагон за руското влијание на Западен Балкан

Пентагон е задолжен од Конгресот да подготви анализа на безбедносната соработка на секоја од државите од Западен Балкан со Русија.
Поради загриженоста од ширењето на руското влијание, американскиот Конгрес му наложи на шефот на Пентагон Џејмс Матис да подготви извештај, кој ќе се достави до соодветните комисии во двата дома, вклучувајќи ги сенатските одбори за одбрана и надворешно-политички односи, како и до надворешно-политичкиот одбор на Претставничкиот дом.
Во барањето на американскиот Конгрес се бара детален список на „руско оружје и воена опрема и технологија во вредност поголема од милион долари, купено или добиено во секоја од земјите на Западен Балкан од 2012 до сега“, наведува Глас на Америка.
Во извештајот на Матис треба да биде вклучен и опис на учеството на безбедносните сили на Македонија, Србија, БиХ и Косово во обука или воена вежба со Русија, исто од 2012 до денес. Потоа се бара опис на сите договори за безбедносната соработка на секоја од тие земји со Русија и преглед на разузнавачката соработка со Москва.
Целта е САД да има увид „колку безбедносната соработка меѓу секоја од земјите од Западен Балкан и Руската Федерација влијае на безбедносните интереси на САД, НАТО, државите од Западен Балкан и секоја членка на НАТО која граничи со земјите од Западен Балкан“, се наведува во документот на Конгресот.
Во анализата треба да биде вклучена и безбедносната соработка на секоја од земјите од Западен Балкан со САД, вклучувајќи и американско вооружување и воена опрема и технологија во вредност поголема од милион, добиени или купени од страна на тие земји од 2012 до денес.
Конгресот бара и податоци за учествито на безбедносните сили на земјите од Западен Балкан во обука или воена вежба со САД од 2012, потоа список договори за безбедносна соработка со САД, како и оценка на безбедносната соработка на секоја од тие држави со НАТО.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
