-->
-->
Конгресменот Смит до Амбасадата на САД во Скопје: Ако тие го прекршиле законот, мора да одговараат
-->

Водечкиот американски републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и повика дека амбасадорот и персоналот ќе одговараат ако зазеле страна во изборите.

– Ќе биде скандалозно ако нашиот амбасадор или некој од нашиот персонал во Американската амбасада во Скопје фатил страна во овие последни избори или било кои избори во минатото, сега и во иднината, тоа воопшто не е фер. Ние сакаме да дојдеме до коренот на проблемот, ние ги немаме одговорите на овие прашања. Ние бараме да се направи истрага и ако тие го прекршиле законот тие мора да одговараат, изјави Смит.

Крунски доказ за фовиризирањето на СДСМ од страна на Џес Бејли и неговиот персонал е неговата слика пред штабот на СДСМ во Охрид, од која се гледа како тој со група активисти на партијата во предизборниот период стојат пред вратата на просториите на штабот.
Покрај Бејли во друштво на лица од СДСМ може да се забележи и Раководителот на правен сектор во Амбасадата на САД, Кристина Каранакова која е во често друштво на Цветанка Ласкова, претседател на организацијата на жени на СДСМ.

Јавноста памети кога во медиумите минатата година излегуваа многу информации и слики дека ќерката на Кристина Каранакова, Бисера Каранакова е чест посетител на протестите на „Шарената револуција“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
