Конференција за зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија
Во организација на Државниот завод за ревизија денеска ќе се одржи конференција за затворање на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, финансиран од ЕУ на која ќе се претстават проектните резултати, научените лекции и идните предизвици.
Проектот, како што информираат од ДЗР, е со вкупен буџет од 1.400.000 евра и се спроведувал со поддршка од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, како помлад партнер.
-Целта на проектот беше понатамошно подобрување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на ревизија. Проектот се спроведуваше преку четири компоненти: понатамошно зајакнување на ревизорскиот процес согласно меѓународните ревизорски стандарди, јакнење на ревизорските капацитети, добра соработка со Парламентот, подобрување на системите за ИТ комуникација и за управување со човечки ресурси, појаснуваат од ДЗР.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива