Конференција за реформите во јавната администрација
„Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на канцеларијата на Фридрих Еберт во Скопје, Институтот за социјална демократија Прогрес и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).
Организаторите соопштуваат дека повод за одржување на конфенцијата е објавувањето на Извештајот за напредокот и Агендата за проширување на Европската комисија за 2015 година.
На конференцијата ќе се разгледаат достигнувањата на Република Македонија во исполнувањето на заложбите за обезбедување задоволителни јавни услуги и унапредување на конкурентноста и развојот на земјата.
На панел сесија на тема „Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење во 21 век" е најавено обраќање на заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани