Конференција „За општество ослободено од корупција“
Конференција на тема „За општество ослободено од корупција“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на невладините организации „Цивил“ и „Зелена лупа“. На конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.
Организаторите како учесници ги најавуваат и заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, кој се очекува да ги претстави владините постапки поврзани со новиот предлог закон за антикорупција. Розета Трајан, генерален секретар на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе говори за искуствата во борбата против корупцијата.
Ќе говори и активистката и експертка за човекови права, професор Мирјана Најчевска, како и Ване Цветанов, претседател на Зелена лупа,
Конференцијата ќе ја води Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој ќе говори за корупцијата во изборните процеси и политичката култура на корумпираното општество.
Конференцијата ќе биде можност на едно место да се видат највисоките претставници на Владата, експертската заедница, институциите и невладините организации и да разменат ставови за корупцијата.
Целта на конференцијата е да се иницира создавање јавен простор во кој прашањата поврзани со корупцијата ќе се дискутираат во континуитет, со учество на пошироката јавност во интеракција со релевантни претставници на различните владини сектори, граѓански организации, институции и експерти. Поканети се претставници на медиумите, граѓанските организации и институциите, како и претставниците на меѓународната заедница.
Конференцијата е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина