Конференција за монетарна политика и управување со финансии
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз (The Reinventing Bretton Woods Committee - RBWC) организира меѓународна конференција „Нова нормала? Глобална економска експанзија, динамика на инфлацијата, финансиска стабилност и значењето за управувањето со финасиски средства во меѓународни рами“.
Конференцијата ќе се одржи в петок во Скопје, а денеска за таа цел гувернерот на НБРМ Димитар Богов ќе има средба со медиумите.
Во фокусот на учесниците ќе бидат најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина.
На конференцијата, која ќе има четири сесии, ќе има повеќе учесници. Меѓу панелистите ќе бидат и Беноа Кере, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).
Ново на Сител
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот