-->
-->
Конференција за европските искуства за управување со отпад
-->
Во Скопје денеска ќе се одржа меѓународна конференција на која ќе бидат презентирани европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпад.
На конференцијата е најавено присуство на компании од Европа кои се занимаваат со оваа проблематика. Ќе бидат претставени начините на функционирање на системите за управување со посебните текови на отпадот во Германија, Бугарија и во Чешка, а ќе стане збор и за европските предизвици и очекувања од системите за управување со посебните текови на отпадот, како и за учеството на општините.
Конференцијата ја организира Асоцијацијата за управување на посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија