Конференција за безбедносните ризици и улогата на резервните сили
Во организација на Здружението „Клуб на генерали“ за актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната денеска во Домот на АРМ ќе се одржи конференција на тема „Одбранбено безбедносни закани и ризици, како и улогата на резервните сили во справување со истите“.
Главни теми на пленарната сесија ќе бидат современите закани и ризици, искуствата со постоењето, концептот и употребата на резервните сили кај нашите соседи членки на НАТО, статусот на резервните сили на АРМ и реализација на концептот „Активна резерва“, како и статусот на резервните сили на МВР.
На конференцијата ќе учествуваат пензионирани и активни генерали на АРМ и останати воени старешини во Армијата на Република Македонија.
Здружението „Клуб на генерали“ е формирано на почетокот на 2012 година со слободно здружување на пензионирани генерали на АРМ кои извршувале должности на високи позиции. Негова првенствена цел е заштита и унапредување на безбедноста и одбраната на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување